(ВИДЕО) Македонка од Австралија во Струга: За мене со полн џеб не е страшно, а за тука се чудам како се снаоѓате, плачат дека нема пари, а полни се кафичите

Летната туристичка сезона влезе народски кажано во самиот „шпиц“, па македонските бисери како Дојран, Преспа, Охрид и Струга се полни со туристи, како домашни, така и странци, но и наши иселеници.

Како и многу година наназад, така и оваа актуелни се цените кои растат од сезона во сезона, нешто што секако на туристите не им оди од рака.

Граѓаните се жалат дека претходно било поевтино а сега едно макијато чини 90 денари, освежителен сок 120 денари и хамбургер 220 денари што и е реалтивно скапо.

Екипата на ТВ21 направи репортажа и анкета помеѓу граѓаните кои ги затекна вчера во Струга,  а една госпоѓа, инаку Македонка која живее и работи во Австралија кажа:

„Јас доаѓам од земја на кенгурите, од море, од плажи, од што ти не. Да ти кажам право за мене со полн џеб не е страшно, а за овдешниот стандар се чудам како се снаоѓате и како се живее. Кафичите се полни, а не знам како се снаоѓаат од каде наоѓаат пари, а плачат дека немааат не знам.