(ВИДЕО) Објавена снимка од моментот на убиството на косовскиот полицаец од страна на србите

Денес беа погребани тројцата убиен Срби во Косово по ескалацијата на состојбата која што изби пред една седмица.

Директорот на косовската полицијата Газменд Хоџа презентираше видеа од местото каде српските терористи се подготвуваа за нападот во Бањска.

Тој го претстави и моментот на нападот каде што беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

„Тој беше убиен од детонација на противпешадиска мина, детонирана од непосредна близина со далечински управувач и електрична батерија што ја користеше терористичката група“, рече тој.