(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Турција – граѓаните вознемирени бегаат на улица

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција, јавуваат бројни тамошни медиуми.

Како што се наведува Земјотресот е регистриран на 33 километри југоисточно од Малатија, на длабочина од осум километри.

Само три минути подоцна, нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Адијаман, исто така во источна Турција.

Градоначалникот на Малатија, Селахатин Гуркан изјави дека не се забележани материјални штети, но дека граѓаните се уплашени и испаничени поради земјотресот во февруари оваа година

– До сега немаше пријавено последици, но постои голема вознемиреност помеѓу граѓаните. Минатиот пат доживеавме силен земјотрес, овојпат беше 5.2. Граѓаните во страв излегоа на улиците. Се надевам ништо лошо нема да се случи.