(ВИДЕО) Траорни сцени во Косово: Родителите ги добија телата на убиените Срби – пренесени во капела

Семејствата денеска околу 15 часот ги презедоа телата на своите најблиски од Институтот за судска медицина во Приштина.

Телата на Србите кои беа убиени минатата недела во Бањска, кои семејствата претходно денеска ги однесоа од Приштина, беа пренесени во капелата во Рударе кај Звечани.

Покрај членовите на семејството, во капелата се и адвокатите Предраг Миљковиќ и Милош Делевиќ, јавува Косово онлајн.

Тројца Срби беа убиени на 24 септември во Бањска по судир со косовската полиција, во која загина и еден косовски полицаец.