(ВИДЕО) Трите дечиња од делчевско Илиово повторно ќе може без проблем да одат на училиште

Семејството Спасевски од делчевско село Илиово е едно од ретките млади семејства кои се занимаваат со сточарство и се задоволни од тоа што го работат. Живеејки во прилично чиста средина чуваат крави, кози и живина, произведуваат млеко и задоволни се од навремената исплата на субвенциите.

Во период кога има услови активно собираат и печурки со што дополнително го зголемуваат семејниот буџет, кои иако се невработени со сопругата, според кажувањата на младиот Томчо Спасевски им е доволен за убав живот на село.

Сепак оваа идилична слика за младиот брачен пар ја нарушува еден проблем кој се провлекува во последните неколку години, а тоа е патувањето на нивните три деца до училиште.

Проблемот е во тоа што до првата најблиска автобуска постројка, каде возило е задолжено да ги земе учениците има околу 4,5 километри. Бидејки Томчо и сопругата поради обврски велат дека не се во можност секојдневно да ги носат до определното место, бараат возилото кое е задолжено за превозот да ги зема од пред нивната куќа.

„Делчево365“ соопшти дека посетата на село Илиово не беше залудна бидејки сепак ќе се изнајде решение за проблемот со превозот на дечињата до автобуската постројка.

Според информацијата од делчевската деветолетка лице со возило ќе ги презема децата од нивниот дом и од понеделник ќе ги превезува до автобуската постројка од каде ќе ги презема комби возилото. Се надеваме дека овој потег ќе ги врати насмевките кај Златко, Дејвид и Анета кои повторно ќе се дружат со нивните школски другарчиња, пренесува делчево365.