(ВИДЕО) Ферус Мустафов го совладаа емоцииите: Синоќа јавно пред камерите заплака додека говореше за човекот кој повеќе не е меѓу живите

Без сомниение Ферус Мустафов важи за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетисти и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот неговиот живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот.

Знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот, па не за џабе го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаваат сите.

Мустафов синоќа беше гостин во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров каде зборуваше за својот живот, како на приватен така и на професионален план.

Особено емотивен беше моментот кога Ферус го спомена неодамна упо коениот виртуоз на хармоника Милан Завков.

Ферус се обиде да говори за својот пријател, но едноставно немаше сили и емоциите го совладаа, па пушти солзи кои не можеше да ги запре неколку минути.

„Милан Завков беше единствен човек кој беше и музичар и човек. Таков човек не се раѓа повеќе. Милан и јас 15 години заедно бевме по турнеи, сите снимки заедно ги снимивме“, кратко кажа Ферус, а видеото од овој момент може да се проследи тука.