Визер повторно остави на „цедило“ патници за лет од Германија до Македонија

Познатиот македонски спортски новинар Горан Антевски на својот фејсбук профил сподели што му се случило:

Со Визер ни на небо, ни на земја. Треба да леташ од Хамбург за Скопје, На инфотаблата на гејт пишува дека летот ќе доцни!

На апликацијата на Визер вели дека ти си веќе во авион и леташ и навреме да стигнеш дома! Никој од патниците не добил известување дека има промена!

На страната на скопскиот аеродром пишува дека летото е ОТКАЖАН. КОМУ ДА ВЕРУВАШ?

А ти седиш во јабана и чекаш некој да ти даде информација, додека вработените НА ШАЛТЕР избегаа зошто ни тие ништо не знаат..

Памет за другпат, никогаш Визер. Сподели – сите да знаат како работи Визер.