Виктор поради пасош остана без златна работа: Финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени

Виктор Настески се огласи на својот фб профил:

Епа другари и другарки толку беше. Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја.
И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор‼️

-Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”‼️ -Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат‼️

-Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде‼️-Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер‼️

-Мојот работодавец со огромни финансиски загуби‼️ -Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени‼️

-Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега‼️

-И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома‼️

-Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист‼️-Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат‼️

-Свесни ли сте бе какви штети предизвикувате на своите граѓани и на круз компаниите, и општо на сите работодавци на море и на копно -Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте‼️

-Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото‼️
-Ја не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ‼️

И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор. Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто‼️

Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство.А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки‼️