Владимир Блажев: Преплашена и гладна целата се тресеше, па кога ме погледна срце не ми даваше да ја оставам на улица

Ако се спомне само името и презимето на Владимир Блажев можеби некои нема веднаш да препознаат за која личност станува збор иако веќе ја познаваат.

Но кога ќе се спомне Панчо од ДНК или Диџеј Шорти веќе работите стануваат појасни за целокупната јавност.

Тој важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот на секакви теми, а овојпат сподели една молба до своите пријателеки н а фејсбук:

Здраво другари имам една молба до вас. Ова на сликава е Милка која има не повеќе од 2.5 месеци и е улично кутре кое го вдомив пред точно 2 недели. Беше врнежлив и доста студен ден.

Преплашена и гладна целата се тресеше па кога ме погледна срце не ми даваше да ја оставам на улица.

Со оглед на моите работни обврски и начинот на функционирање едноставно е невозможно да чувам милениче (цел живот сум кучкар) за кое треба да се посветива доста време па би ве замолил заеднички да споделите и најдеме дом кај луѓе кои ќе се грижат за неа.

Прочистена, вакцинира и исчистена од паразити, што значи тотално е спремна. Ви благодарам однапред