Во кочанско Облешево на пазар може да се купи стар леб – оди по цена од 10 до 15 денари

Стар леб по пониска цена на пазарот во Облешево. За да се преживее тешката финасиска ситуација во државата од Скопје во Облешево се носи леб кој се продава по цена од 10 до 15 денари. Ама и овде заработувачката е сведена на нула, оти веќе нема кој да купува. Граѓаните се иселуваат не само од селата туку и од државата па како што велат трговците нема кој да купува ниту стар леб.

„Од 10 до 15 денари, јас сум од Скопје и еве овде сум да продавам стар леб. Ама слабо луѓе, нема, луѓето се иселија. Доаѓаме овде само колку да преживееме.

Што да и кажам на државата, знае се се, тие си ги качуваат платите, а ние мизерија само. Те казни, те ова те она не знаеш за што да работиш и како да работиш. И бегаат луѓето – епа ќе бегаат. Јас сум првиот што да има каде да бегам ќе бегам иако сум 60 години. Нема живот. “ – велат трговиците, за Мнет телевизија.

Порано велат кога имало сточен пазар лебот се трошел повеќе оти луѓето го купувале и за стока. Сега остаанале едвај малкумина кој поминуваат и бараат стар леб по понсика цена.

„Претежно е за стока, ама и стока нема. Пазарот беше порано преполн немаше игла каде да се фрли. Сега се забранија свињите, стоката, сега само возила има како автопазар е.“ – додаваат трговците.

Граѓаните велат за стоката поисплатливо е да се купи стар леб по понсика цена, ама согласни се и тие дека се купува многу помалку оти и помалку се чува стока.

Целата сторија со видео сторија може да се проследи на Мнет тв.