Во убиството на Вања вмешан и нејзин близок роднина?

Според извори на Канал 5 извршител на грозоморното убиство на 14- годишната Вања Ѓорчевска е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. ,кој неодамна беше во притовр во Хрватска.

То е еден од петтемина , осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман.

За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство , а едно е во полициска станица.

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.