Германија и Хрватска ги зголемуваат платите за работите што ги работат многу Македонци таму

Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати.

Во последните години, бројот на издадени дозволи за работа во Хрватска за граѓаните од Македонија значително се зголеми, достигнувајќи до 10.053 во 2022 година.

Сезонската работа во Хрватска привлекува со понуди за плати кои значително ги надминуваат локалните стандарди, а годинава ново е тоа што сезонците решија цврсто да стојат на ставот дека нема да работат за плата пониска од 1.300 евра месечно.

Германските сопственици на ресторани одлучија да го одврзат ќесето и на своите вработеи да им ги зголемат платите, особено на готвачите – без разлика од кој крај на светот се појдени на печалба.

Според кажувањето на Роберт Васовски, млад готвач кој работи во еден ресторан во Берлин, платите на готвачите во Германија сега без проблем можат да достигнат и до неколку илјади евра месечно, додека, пак, како што посочува, оние најврвните кувари добиваат плата и над 4.000 евра.

Оваа сума вклучува и платени прековремени работни часови, кои се честа појава во оваа професија.

„Искрено, имаме многу работа, па принудени сме секој ден да работиме прекувремено. Поради тоа добиваме дополнителни пари, па нашата конечна месечна заработка се зголемува. Покрај основната плата, постојат и бонуси и надоместоци кои можат да бидат многу значајни, а тука се и парите од бакшиш“, раскажува Васовски.