Ги држеле како крадци – српско семејство доживеало непријатност во Македонија за кое сведочи

Колку и да се трудиме одморот да го направиме онака како што го планиравме, се чини дека непредвидливите ситуации толку лесно можат да го уништат тој план. Ова на горчлив начин го доживеало и едно српско семејство кога, враќајќи се од Грција, имале непријатна сцена во Македонија, поради која, како што велат, се чувствувале како крадци.

Во Фејсбук групата „Во живо од Грција“ имаше предупредување од српски туристи кои на враќање од одмор во Грција, наводно, доживеале непријатно искуство на бензинска пумпа во Северна Македонија. Со нивното наводно лошо искуство сакале да ги предупредат другите да бидат внимателни.

„Имам едно големa молба.Би сакал да ги известите нашите патници кои ќе патуваат низ Северна Македонија да внимаваат на бензинските пумпи, колку гориво точат, што наплаќаат и да побараат сметка.

Имавме многу голема непријатност на пат кон Србија на бензинската пумпа. Наполнивме гориво, ја платив сметката во евра и после купив чипс за денарите што ми останаа како кусур од ставањето бензин кога одевме кон Грција.

На споменатата пумпа направивме пауза околу 10 минути и кога сакавме да тргнеме, не запреа и рекоа дека горивото не сме го платиле. Веднаш отидов кај касиерката да го решам недоразбирањето, но таа ми рече дека купив само чипс и ме нападнаа дека ја немам сметката што ми ја дадоа. Но јас воопшто не добив сметка за гориво или чипс.

Го побарав менаџерот и да се вратат камерите. Потоа влезе човек кој не се претставил и рече дека ќе повика полиција, но и Србија. Веднаш се договоривме да повикаме полиција и сепак баравме да ги вратат камерите.

Не држеа таму како крадци околу 40 минути, имав три деца во колата на 43 степени. Бебето и го пикна прстот во лименка и се исече додека се расправавме со нив.

Без никакво претерување беше многу болно, а за непријатноста нема да зборувам бидејќи сите што дојдоа на пумпата гледаа. По околу 40 минути, касиерот само излезе и рече: „Извинете, моја грешка, не ја исфрлив сметката!“.

Никогаш не ни се обрати ниту се извини тој менаџер или што и да е. Не знам ни дали ги вратија камерите и дали е грешка или е измама, па каде оди да се плати двапати.

Досега никогаш не сме имале непријатно искуство патувајќи низ Македонија, но овде ова беше апсолутно ужасно. Би сакал да можам да влијаам на кој било начин за никој да не доживее тоа што сме ние“, се вели во објавата.

.