Григор Копров за првпат јавно откри детали за соработката со Тоше Проески – имал само еден услов: Господ бев за него

Григор Копров 1943та во Охрид е еден од најпознатите македонски поп композитори. Работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска.

Еден од неговите поголеми успеси е песната Не зори зоро која ја компонирал во 1997 и со која Владо Јаневски ја претставувал Македонија на Евровизија 1998, првиот настап на земјата на овој настан.

Најпознат е по неговата соработка со ултра-славната македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески. Копров беше гостин во емисијата Еден на еден каде за првпат проговори некои детали за соработката со Тоше.

– Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам.

Му викам: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката.

Тука викам ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог ова она, се изгушкавме..и дојде првата песна „Усни на усни“ – лу дница во државата.

Втората „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам но сега не.

И со овие три песни го молам пошто Владо правеше промоција, правеше концерти во Македонија како најголема ѕвезда во моментот и му викам те молам ќе го земеш Тоше како предгрупа.

И го зеде. И Тоше со три песни малтене подобро поминуваше него Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика абе ти го контролираш детево? Зашто бе Владо? Па вика сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, инаку Господ бев за него..

Морам да кажам..Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, се се промени со Лилија, заклучува Григор Копров.