Даниел од кочанско: Со сопругата и четирити деца спиеме на еден кревет, одам пеш и по 20 км за работа, ама пак сме гладни

Животот знае да биде титаник. Тежок и несватлив, но, токму тогаш се раѓаат титани кои се истрајни во животните неволји. Пред 37 години на овој свет се роди токму таков титан, на кого му беше предодредено дека на 12 години ќе остане без мајка и од истата таа возраст ќе мора да почне да се бори за парче леб, за себе и братчињата, а подоцна ќе мора да научи да копа со голи раце и за сопственото семејство, сопругата Викторија и четирите дечиња.

Даниел Грозданов е измачен човек кој секој ден пеш поминува 20 километри за да стигне до работното место за да донесе корка леб за гладните детски усти. А, домот негов во село Нивичани е како од приказните. Функционална е само една тесна соба, која е гнездо за шест птици. А, најмладите уште неполетани можеби и најтешко живеат.

Од животните стресови и трауми ниту едно од децата немаат способност да зборуваат. Даниел кога зборува постојано плаче, а, Викторија веќе е пригушена од солзи. Сама со четири деца, без храна, пелени, облека и патики, секојдневно венее во старата куќа која исто така не се знае до кога ќе ја издржи тежината на животот.

Даниел Грозданов животот го минува во Нивичани. За жал суровоста- животот му ја покажува уште на негова 12 годишна возраст кога останува без мајка и нема услови да го продолжи образованието, мора да работи по шумите за да го прехрани семејството и така да се мачи до денес денес. Господ го наградува со сопругата Викторија, која потекнува од уште посиромашно многудетно семејство и која веројатно спасот го бара во создавањето брак, не знаејќи дека тоа за што плачела некогаш нејзината мајка кога немала како да ги прехрани децата, сега треба истото тоа секојдневно да го преживува таа.

-На 12 години останав без мајка. Морав да го прекинам образованието и да почнам да работам со коњот низ шума за да обезбедам храна за брат ми и сестра ми. Подоцна заминав за Гевгелија и таму ја запознав Викторија. Набрзо ја донесов во Нивичани и започнавме заедно да живееме. Ни се родија четири дечиња и започнавме со тешкиот живот-започнува да го раскажува својот тежок живот Даниел Грозданов.

Животот на ова семејство е тежок и нехуман. Во една соба, без струја, без облека и без храна минува секој нивни ден.Од пред два месеци имаат и нов член бебето Василија која наместо да им донесе радост, им ги зачести солзите зашто немаат како да и купат адаптирано млеко и пелени.

Иако, Даниел е вработен поради извршител од пред неколку години поради сечење дрва во шума од платата денес му остануваат само 7000 денари. Таа сума не е доволна за ништо, а, камо ли вели тој за реновирање на собите за да можат барем малку да се опуштат. Некогаш велат тие, само да остане за децата, мораат да легнат и гладни. Можеби потешка од сиромаштијата ќе додадат тие, се отфрлувачките погледи на некогашните пријатели и соселани, кои не сакаат да им дадат поддршка.

-Имаме неколу соби, ама само една е со услови за живот. Сите 6 души и ние и децата спиеме на еден кревет. Немаме струја, немаме облека и храна. Кога имам најголемото го испраќам во училиште со сендвич, кога не оди гладен- вели Викторија, сопругата на Даниел.

-Јас секој ден одам по 20 км пешки за да стигнам до градот и да заработам некој денар. Ниту соселаните не сакаат да ме качат. Така ме одминуваат, не ме качуваат. Некогаш ми доаѓа да одам во шумата и да не се вратам веќе. Тешко ми е за децата. Јас и сопругата и гладни легнуваме , само децата да имаат што да јадат.

Половина од платата давам на извршители кои ме фатија како сечам дрва во шума за да ги стоплам децата. Ми дадоа казна од 7500 евра што секој месец го отплаќам. И долгот за струја не знам како ќе го отплатам. И, тој е 40000 денари. Многу ми е тешко и навистина не знам како ќе излеземе од оваа ситуација. Да имам да ги средам двете соби за децата да има каде да ми спијат и едно моторче за да можам да стигнам и да се вратам од работа-завршува Даниел.

Доколку сакате да му помогнете на семејството на Даниел Грозданов тоа може да го направите на неговиот телефонски број 070304578 или на неговата трансакциска сметка: 250500019576238