Дејан Милиќевиќ: Кога ќе прочитам дека имам македонско потекло ќе полудам, јас немам ништо со Македонија

Фотографскиот маг Дејан Милиќевиќ беше првиот гостин во емисијата „Не е се така црно“, а за првпат проговори за непознати детали од приватниот и деловниот живот.

Дејан Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случи на врвот на кариерата. За помалку од еден час, сè што заработик со години градејќи го немало.

„Луѓето ме повредуваат повеќе приватно отколку професионално. После 10 години во Македонија, цел стан ми се испразни за 40 минути. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот е извадено и пронајден на Косово и распродаден и секако многу подоцна дознав.

Беше голем стан во Скопје, а блиндор вратата не беше скршена, што е многу интересно, туку незаклучено.Излегува дека некој ми го зел клучот и направил копија..не сакам веќе ни да мислам на тоа.Очигледно мораше да се случи така.

Се што заработив исчезна за 40 минути,не ми ги оставија ниту гаќите. Дури и рутерот ми го земаа, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден“, изјави Дејан во подкастот.

„Кога ќе видам на Википедија дека пишува дека имам македонско потекло, полудувам, затоа што немам ништо со Македонија освен што живеев таму 10 години.