Димче од кочанско 16 месеци е врза за креве – надеж има, па затоа на потег е хуманоста на нашиот народ

Фамилијата Малчеви од село Тркање, кочанско се наоѓа во исклучително тешка состојба поради здравствената состојба на сопруго Димче и сопругата Мирјана.

Димче Малчев кој е роден 1972 година боледува од дијагноза Hemiparesis lat dex. Димче по добиен мозочен уд ар останува непокретен и веќе 16 месеци е врзан за кревет.

Неговите две малолетни деца се грижат за него и неговата сопруга Мирјана Малчева која за жал исто така се бори со тешка болест – ту мор.

Со тешки маки како лавица се бори и грижи и за непокретниот сопругот кој е врзан за кревет и за дечињата на кои целиот товар паѓа на нивни плеќи.

Надеж за Димче во овој момент е лекувањето во поликлиниката Неуромедик Груп Плус во соседна Србија.

Лекувањето чини 11315 евра, сума која фамилијата Малчеви не можат сами да ја обезбедат и затоа замолува за хуманост и помош од граѓаните.

Во меѓувреме отворен е број за донации на Телеком 143 – 183 а во очекување е и број од А1 идната недела.

За донации по банкарски тоа може да го направите на сметката на мајката Мирјана која е во Стопанска Банка (1202980497513) и телефонскиот број од жената за секој што сака да им помогне лично да има можност да ги контактира луѓето 078 767 307 ( Мирјана )