Директорот на Визер кажа зошто нивните летови се толку ефтини, но и откри дали ќе има поскапување

Несоменено, Визер е најголемиот авиопревозник од и до нашата држава, а Јозеф Варади, главниот извршен директор на компанијата во интервју за МКД.мк зборуваше на неколку теми, меѓу кои и цената на билетите.

Мислам дека во наш интерес е да продолжите да летате евтино. Хм, а ние правиме сè за да останеме и останеме на таа позиција и да понудиме ниски цени на пазарот.

Во наш интерес е да ги задржиме ниските цени на летовите и ние правиме сѐ така и да остане. И мислам дека во оваа смисла Визер е сосема различна и посебна во однос на другите авиокомпании затоа што постојат две работи кај Визер што ги нема кај другите.

Прво имаме нови авиони во нашата флота и тоа прави голема разлика. Зборувавме за моторите кои трошат 20 отсто помалку гориво отколку класичните мотори што влијае многу на трошоците на операциите. Втора работа е што ќе ја зголемеме флотата од 180 на 200 авиони. Го зголемивме капацитетот на седиштата. Колку е поголем бројот на седишта во авионот, толку е помал трошокот. Ако летате со поголем авион, седиштето ќе ве чини помалку отколку да летате со помал авион.

Така, кога ќе ги комбинираме овие два фактори ние сме различни од останатите во авиоиндустријата. Така, тоа ни дава можност да се поставиме спротивно на она што сега го гледаме. Да, секако горивото е поскапо од порано. Да, секако дека работната сила е поскапа од порано поради инфлацијата. Но, во исто време, дел од тоа можеме да го надоместиме со овие, претходни работи.

И мислам дека нашата релативна предност во однос на останатите само ќе расте во следните години. Мислам дека повеќето од авиокомпаниите ќе бидеме принудени да ги зголемиме цените, но мислам дека ќе можеме да ги одржуваме тие цени што е можно пониско. Значи, треба да очекувате многу ниски цени и понатаму.