Добрила од Дојран го прослави 95тиот роденден со несекојдневна забава – ја промовираше и својата автобиографија

Кога првпат се појави во шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ стана супер баба, жена змеј која на многумина им стана идол со својот животен стил и изглед. Оттогаш интересот за неа не опаѓа.

Неодамна победничката на Никад није касно го прослави својот 95 роденден и ја промовираше својата автобиографија „На пат кон стотката“, а сега во емисијата на Гранд проговори за непознати детали од нејзиниот богат живот.

Со песна и оро го прослави животот, нов почеток во десеттата деценија и не застанува тука, бидејќи годините за неа се само бројка.

– Годините не ми пречат, не ги чувствувам, единствено што имав не среќа со колата,па ме мачи левата нога, но ќе го решам и тоа.

Ментално и физички се чувствувам одлично, 97 проценти од мојата генерација ум ира, а јас останав жив. Е, само Господ ме сака, ама ѓа волите не ми даваат – искрено вели Добрила на прославата на роденденот и промоцијата на која ги собра своите најдраги пријатели и соработници.

Го сакам животот и младоста што ја чувствувам во себе, ме охрабрува и и дружењето со младите. Се дружам со луѓе од 30 до 70 години, а над 70 не.

-Кога се решив за музика, да пеам, мајка ми врескаше и рече дека не сака пејачка во куќата. Отидов во театар, станав актерка и таа имаше поинаков став.

После ја носев на турнеи и постојано ме прашуваше што ќе правам кога ќе го изгубам гласот… Но, јас сум снаодлива, немаше потреба да се грижам – изјави 95-годишната пејачка и актерка која беше вистинска убавица уште во младоста, што денес го негира.

– Немам ништо вештачко, ни ботокс, ни мотокс, ни силикон, ни миликон, ништо, се е природно. Никогаш не бев свесна за мојата убавина, јас бев гр до пајче, мајка ми ми рече дека кога се родив бев многу г рда.

– Се чувствувам како да се препородив, едноставно родив книга и сега ми олесна. Долго размислував дали воопшто да пишувам, претходно се обидував да напишам дневник, но секогаш се случуваа некои не среќи.

Бев многу искрена во книгата, слатко раскажав сè – изјави Доби за Гранд и додаде дека нејзината автобиографија наскоро ќе биде преведена во монодрама во која таа ќе ја игра главната улога.