Добрила од Дојран за популарноста по Никогаш не е доцна: Ме запираат насекаде, раце ми бакнуваат

Пејачката Добрила Ивановска Чабриќ се прослави пред пет години во емисијата „Никад није касно“, а денес вели дека и понатаму е популарна како тогаш.

Гостувајќи во емисијата „Гранд магазин“, Добрила откри дека секојдневно и приоѓаат луѓе, а како што вели тоа е доказ дека не се променила овие години.

– Поминаа пет години од шоуто „Никогаш не е доцна“, но таа популарност продолжува и денес. Ме запираат насекаде, ми бакнуваат раце. Секаде многу ме сакаат, ме препознаваат, а тоа значи дека не сум се сменила, но веќе поминаа пет години – изјавила за Гранд.

Пејачката е и најстарата пејачка која досега се појавила во шоуто „Никад није касно“, и уште еднаш истакнува дека планира да живее над сто години.

– За два месеци ќе наполнам 96 години, но можам да кажам дека не ги чувствувам. Нека стојат и се множат, а јас продолжувам понатаму. До 130 нека умре кој сака, тоа си планирав и така сакам. Каде што живеам, климата ми помага, правам се како порано – заклучи таа.