Докторот Јетмир од Кичево пред 7 години заминал во Германија и вели: Овде платите се 5 пати повисоки

Од година во година се поголем е бројот на Македонци кој се решаваат да ја напуштат земјава и да ја побаараат среќата во некој од западноевропските земји.

Доктор Јетмир Садику од Кичево е еден од многуте кои гради кариера во странство. Седум години живее и работи во Универзитетскиот клинички центар „Хелиос“ во Германија.

По дипломирањето неколку години работел во Кичево, па заминал во странство на специјализација и решил да остане таму.

Европските клиники располагаат со најповолни услови и најсовремена технологија, инвестираат во едукација на кадарот, што е една од најважните алки вели Садику.

– Клиниката во која работа е една од најголемите во државата, има голема конкуренција, се применуваат најновите техники во областа на медицината.

– Сите тие опреми, технологии и техники се многу важни, бидејќи по специјализацијата тие доктори се стекнуваат со голем квалитет, вели доктор Јетмир.

Според доктор Јетмир една од причините за иселување на нашите лекари се тоа што овде специјализациите на приватно се многу скапи.

Додека пак на државно тие специјализации се чека многу, друг фактор додаде дека се токму платите кој се важен сегмент во сето ова.

– Платите во Македонија за докторите беа многу ниски, знам дека од 2017 година наваму има подобрување, но сепак не се на ниво на европските плати.

– Платите овде во европските земји се по пет пати поголеми отколку во Македонија, додава докторот Јетмир за ,,Телевизија 24”

Во последните десет години од земјава заминале околу 500 лекари, а трендот на иселување за жал и понатаму продолжува.