Доктор Никола Пановски со апел: Не ги богатете криминалците, државата со прст не мрдна

Познатиот доктор Никола Пановски се огласи на Фејсбук при што сподели нешто за коешто го злоупотребуваат неговото име:

Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 8 месеци. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ.

Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е изнислено. Не купувајте го тоа ѓубре.

Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува.

Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку Буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат.