Драган нашол невеста во Албанија, па кога се вратил дома имало што да види – селото му направи свадба

Четириесет и осумгодишни Драган Николиќ (48) од Врбовац, Србија ја пронашол жената на својот живот во Албанија, а кога стигнал дома со саканата Ханија (44), ги дочекало изненадување – свадбена веселба организирана од неговите соселани!

Претседателката на месната заедница Врбовац, Латинка Павловиќ, за српските медиуми рече вели дека на прославата во селското училиште младенците биле пречекани на нозе со громогласен аплауз, а потоа следел и богат ручек со музика.

Драган заслужи вака да го израдуваме! Во селото нема никој свој. Родителите му умреа рано, а потоа неговиот брат почина релативно млад. Дечкото е чесен и вреден. Тој работи од утро до вечер за да ја обезбеди својата егзистенција. Не чека ништо да му падне од небо. Има трактор, си ја работи земјата, сади во градината, бере печурки, прави се, вели Павловиќ.

Врбовац е мало село, со 60 домаќинства и 120 жители, но секој како и колку што можел учествувал во организацијата.

Со една жена одевме од куќа до куќа во селото и собиравме пари за да купиме сè што ни треба. Жените од селото сите сами подготвија по нешто, погачи, кифлички, пити, сè убаво уредивме и беше вистинска прослава, со музика… Сите бевме среќни за Драган, опишува таа.

Таа на мештаните им ветила дека во селото вака ќе се пречекува секоја идна снаа, а во јуни сите заедно ќе прослават 60 години брак на најстариот брачен пар во селото.