Д-р. Даниловски: По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж.

Угледниот македонски лекар епидемиологи универзитетски професор, Драган Даниловски не остана имун на случувањата околу Онколгија.

Човекот кој во периодот од 15 мај 1999 до 15 мај 2001 година беше министер за здравство на Македонија на својот фејсбук профил сподели:

СРАМ. Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:

И овој да не е од „таквите“? Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!

Едит: Во крајна линија, ова е пораз и срам (и) за нас, професорите на Медицинскиот факултет. Зашто, сите овие што ги фатија „со рацете во медот“ биле наши студенти.

На кои не сме успеале да им вградиме основни етички принципи. По ѓаволите, ќе да беа залудни сите мои 40 години стаж…