Д-р Костов открива што всушност му се случило на Ферус – ги опиша и неговите последни денови живот

Најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст.

Ферус на 26 април имал мозочен удар поради што веднаш бил хоспитализиран во болницата 8 септември, каде и починал.

Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство.

Што навистина му се случило и какви биле последните денови на Ферус, отрки директорот на Градската општа болница „ 8-ми Септември“, Христијан Костов:

„Беше примен на 26 април со масивен мозочен удар. Беше во кома и беше ставен на респиратор веднаш по приемот. Се разбуди по една недела, му го тргнавме респираторот, му направивме трахеостома за да може да диши самостојно и да се храни на уста, но имаше и други коморбидитети кои ја комплицираа состојбата.

Имаше висок шеќер, хроничен миокардит, проблеми со бубрезите, последната недела му правевме и дијализа. Последните денови повторно беше во кома.

Лежеше на интензивна нега на неврологија. Сторивме се што можевме за да го кренеме, но ударот беше многу силен и направи многу оштетувања. Почина ноќеска, половина час по полноќ“, вели директорот Костов за Макфакс.мк