Д-р Митко: Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега во странство

Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари.И да. Ама и не.

– Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката.

– Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ.

– Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет.

– Бега од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое повеќе личи на полско отколку на болничко.

– Бега од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна.

– Бега од нашите маркети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку.- Бега од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака.

– Бега од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му.- Бега од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата работа.

– Бега од валканите улици…- Бега од уличните кучиња…- Бега од патеките без корпи за отпадоци…- Бега од преполнетите контејнери…- Бега од затруеноста со политика…- Бега од коцкарниците и обложувалниците…- Бега од лажливите политичари…

– Бега од отровниот воздух…- Бега од малограѓанштина…- Бега од мито и корупција…- Бега од отсуство на морал…- Бега од селективна казнивост…- Бега од неодговорност…- Бега од лаги…- Бега од измами…- Бега од неправда…

БЕГА од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го знае и умее.

Не бега само во потрага по пари, бега во потрага по нормален живот и сопствена иднина! Бега зошто е свесен дека во оваа држава тоа не го може! Дај му плата и од 1.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!