Д-р Нико со детали за прерано изгубениот живот на 24-годишното момче од битолско: Не знам зошто се прикриваа овие факти

Доктор Нико Беќаровски сподели порака од близок член на смеејството на починатото 24-годишно момче во битолската болница:

ОВОЈ КОМЕНТАР ОД БЛИЗОК ЧЛЕН НА ПОЧИНАТОТО МОМЧЕ МИ ПРИСТИГНА ВО МЕСИНЏЕР ПРЕД ПОЛОВИНА ЧАС И ЈА ОБЈАСНУВА ПРИЧИНАТА ЗА СЕПСАТА И ПОДОЦНЕЖНИОТ РАЗВОЈ НА ИРЕВЕРЗИБИЛНАТА ДИСЕМИНИРАНА ИНТРАВАСКУЛАРНА КОАГУЛАЦИЈА !!!

ИСКРЕНО НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПРИКРИВАА ОВИЕ ФАКТИ, БИДЕЈЌИ #ГРЕШКАТА ВООПШТО НЕ Е КАЈ ДЕЖУРНИТЕ ЛЕКАРИ И КОЛЕГИТЕ ОД БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНИ ОДДЕЛЕНИЈА !!! Добра анамнеза и хетероанамнеза е 80% дијагноза.

“Почитуван Докторе мене детете што почина ми е близок роднина би сакала да ви кажам каки дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме.

Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки ако можам да го наречам зафат незнам ни како да го наречам или интервенција на ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина.

Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетел дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осека.

Во истиот момен оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш.

Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален преднет односто беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имаш последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години.

Докторот му вели добро ко така нема потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие саму му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската грешка”