Д-р Пановски: Конечно правда, ова е само почеток.

Докторор Никола Пановски се огласи на својот фејсбук профил:

КОНЕЧНО ПРАВДА, ова е само почеток.

Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда.

Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова.

Дејан Јовановски, како одговорно лице е казнет со 2100 евра, а фирмата увозник и дистрибутер МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје со 5000 евра.

Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци.

Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија.

Благодарност до младата адвокатка Барбара Стевчевска, која самата се нафати, бесплатно да ме застапува, а трошоците да ги наплати по добивање на
случајот, благодарност до новинарката Мирослава Симоновска, за истрагата која ја изведе заедно со Барбара и објавените текстови во Слободен печат и на сите вас кои ме подржавте.