Емотивно обраќање на сестрата на Пеца кој со своите органи спаси четири животи: Херој

Како што е познато пред два дена беше аправена мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство.

Човекот од кој беа донирани органите е битолчанецот Пеце Аврамовски чија сестра Елизабета Трајчевска емотивно се прости на фејсбук од него со зборовите:

-Ти ми беше мојот единствен брат душата моја ми летна како гулабче кај мама и тато,а јас немам утеха и зборови да се простам од тебе срцето ми го скрши сега јас на кој ќе му викам Баце.Бог да те прости и да ти ги отвори портите во царството небесно

Притоа во друга објава во која се пишува за донираните органи вели:

Херој, Ти замина ама спаси дуги животи баце мој. Почивај во Мир.