Жане Митрев: И покрај сите притисоци, ние сепак продолжуваме да спасуваме животи

Пред неколку дена преку видео порака, директно од операциона сала се огласи познатиот македонски кардио хируруг и газда на истоимената болница, Жан Митрев:

„И покрај сите притисоци, ние сепак продолжуваме да спасуваме животи Успешно опериран 31-от пациент кај кој беше вградена механичка циркулаторна потпора на срцето.

Срцева слабост или како што уште се нарекува слабо срце – е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето.

Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина к рв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање.

Таков беше случајот и со нашиот последен пациент на кој во нашата болница му беше спроведен оперативен зафат познат и како ,,механичко срце,, за решавање на левокоморна хронична срцева слабост.