Жедна патничка не сакала да плати 3 евра за вода во авион, па се сети на одличен трик поради кој сите и аплаудираат

Патувањето со авион често знае да биде непријатно, но и полно со изненадувања, а едно од нив секако се цените на храната и пијалоците на летот.

Затоа еден жеден патник смислил иновативен план да ги избегне трошоците за плаќање вода, а видеото стана вирално, собрајќи речиси 630.000 прегледи на ТикТок.

„Бев жедна, но не сакав да платам три евра за вода“, објаснува таа во видеото, покажувајќи чаша со мраз што ја оставила да се стопи пред да ја испие.

„Нема причина водата да биде толку скапа“, додаде таа во описот.

Секако, не требаше многу време за да почнат да го коментираат нејзиниот трик, па притоа наиде на многу позитивни коментари.

Патничката исто така напиша дека истиот трик го користи и во дискотека каде што наместо да плаќа вода, бара мраз.