Живко од Ракотинци и неговата ќерка Елизабета се без основни човечки услови за живот: Во корито се бањаме, само сув леб јадеме

Живко Змејковски од скопско Ракотинци е татко бор ец за поубав живот на својата ќерка Елизабета која му е се што има во животот. Роден како личност со хен дикеп прави грешка женејќи се со погрешна личност со посебни потреби и создаваат дете со посебни потреби.

Живко има 57 години, млад останува бе работа како стечаен работник. Со минимална државна помош не може ни да купи лекови, а со ќерката само јадат доколку ги запишат на вересија за да купи суво лепче, храна јадат ако добијат од некои добри луѓе.

Куќата е стара уште од неговото детство, со необелени ѕидови, нефункционални апарати. Иако Живко има милион желби, сепак овој несреќен татко венее секојдневно со солзи кои ги лие со неговата ќерка.

– Се бањаме во собата, купатило немаме, во корито се бањаме. Само суво јадеме, немаме пари да купиме, вели овој нама чен татко.

Неговата ќерка често има пани чни нап ади, паѓа во нес вест, и се врти паметот. Ниту Живко не е нешто подобар, не слуша добро, а на лекар не може да оди зашто нема со што да плати.

Земаат минимална помош којашто не е доволно за да го истераат месецот. Им се зака нува исклучување на струјата и телефонот доколку не ги платат сметките.

Неговата поранешна жена дури посегнала и по својата сопствена ќерка – сакала да ја тепа, а освен неа им дигнала рака и на родителите на Живко.

– Мајка ми ме ту жела, ја паника фатив, вриштев. Ме туже ше без причина, вели ќерката Елизабета. Еден ден додека е на училиште па ѓа во кома, добива мозо чен у дар и оттогаш ништо не е исто за ова семејство.

– Купуваме салама, виршли, не можам не сум способна да правам ручек, ми се врти паметот. Би сакала да се омажам, да се усреќам и татко ми ќе го земам со мене зашто тој ме храни, додава ќерката Елизабета во емисијата „Срце на дланка“:

– Ми бара детето, тато ми се јаде, ама немам да му платам. Јадење, облека бара. Со лебот само суво јадеме. Никој не ни помага, ни чичо ни братучедот, низ солзи раскажува Живко.

Доколку сакате да им помогнете на Живко и неговата ќерка тоа може да го направите на телефонскиот број +389 22742461 или на жиро сметката подолу.