Жителите на ова македонско село ќе ги бојкотираат изборите – Доста ни е од лаги 30 години по ред

Жителите од Виничкото село Црн Камен ќе ги бојкотираат и претседателските и парламентарните избори, изјави за ТВ Стар Александар Костадиновски, жител на селото.

-Искрено да ви кажам, нема да има гласање што е сигурно. И јас лично препорачувам да не излезе никој. Доста ни е од лаги. Има луѓе што одбиваат и да бидат на кутиите, порача Александар.

Причина за ова е што во селото нема ниту педа асфалт, а 30 години сите по ред ги лажеле дека кал повеќе нема да газат.

-Тоа се 1100 метри асфалт што го бараме, тоа е единствено барање. Има луѓе во количка, непокретни

Најкритична таму е главната улица на која живеат и лица со тежок инвалидитет и во невреме имаат голем проблем.

Градоначалникот на Виница Миле Петков кој последен вети дека оваа улица ќе ја асфалтира денес изјави.

-За Црн Камен веќе е изготвен проект за кој имаме и одобрение. Истиот е влезен во тендерот кој треба да започне за неколку дена. Тоа би значило дека за неколку месеци жителите од Црн Камен ќе добијат асфалт, но секако ние ќе разговараме со нив и ќе им го пренесеме ова, истакна градоначалникот Петков.