Зоки Фаци во тага по загуба на својо близок: Кико беше прекрасен дечко

Зоки Фаци или Зоран Василевски како што му е вистинското име и презиме е познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Зоки Фаци е доста активен на социјалните мрежи каде што привлекува големо внимание со своите уникатни објави.

Пред се својот инстаграм профил е местото кое што најмногу го користи за да се огласи во јавноста, така беше и овојпат.

Но причината не беше нималку убава, откако Зоки емотивно се збогува од своја блиска личност.

Многу млади се заминуваат кај бога, денес разбрав за мој комшија. Прекрасен дечко Кико, по чивај во мир Кико.Ќе те помнам по нашите муабети пред зграда. Бог е голем