Зоран е самохран татко на деца со посебни потреби: Една од надежта веќе ми е иселување од Македонија

Зоран Мијалков е самохран татко на две деца – Петар 19 години и Никола 12 година. Нема ден, нема ноќ, нема крај на проблемите за Зоран од Штип.

За штипјани, Зоран е синоним за родител херој кој буквално секоја минута од својот живот го вложува во своите деца веке 19 години.

– Јас го почнувам денот со благодарност до Бога, знам дека молам да ги гледам децата. Јас го започннувам денот со гушкање со нив затоа што јас сум им се. Мојата мајка ми помага, меѓутоа таа веќе 70 години ќе полни, со болести. Со душа ме чекаат да си дојдам од работа.

КОга се видов на телевизија сфатив колку сум изморен. Со километри шетаме, моите деца се хиперактивни и мораме километри и километри дневно да шетаме за да заспијат.

Јас верувам дека никој човек нема што би сакал да кажува јавно за својата болка. Меѓутоа одлучивме со родители борци за да јавноста сфати и добиеме поддршка за да можеме институциите да ги натераме да направат нешто за нашите деца мора јавно да излегуваме.

За жал, ништо конкретно реално не е анправено а овие деца. Најреално што се направиле родители на овие деца е што си отишле од оваа земја во некоја нормална земја каде што се решени овие прашања за нашите деца.

Надеж цело време имаме, се бориме итука се надеваме на совеста на некои идни генерации на политичари кои конечмно ќе почнат да работат за добробитта на својот народ а не само за своите партии.

Една од надежта веќе ми е иселување од Македонија, право да ви кажам затоа што еве во мојот случај доколку мојата мајка ја снема јас ќе бидам доведен во ситуација да станам социјален случај. За да се грижам за моите деца нема да можам да одам на работа и ќе се трпи за леб.

Затоа и се бориме за рехабилитациски центри како во нормалните земји – таму секој родител може да работи во меѓувреме неговите деца се згрижени во центри каде што се работи со нив. Тоа во Македонија го нема, ја завршува својата приказна Зоран. Целиот прилог може да го погледнете на Телевизија Стар.