Иако по 1500 денари, пламнаа како алва влезниците за Дарио – поради големиот интерес закажн и втор концерт

Од Авалон Продукција вечерва преку социјалните мрежи се огласија со соопштени до јавноста во кое се вели:

Распродаден првиот концерт на Дарио и Миг 21 во Македонската Филхармонија. Поради големиот интерес, втор концерт. 18ти февруари, сабота.

Почитувани,Задоволство ни е да ви соопштиме дека првиот концерт од проектот 40 години Дарио и Миг 21 е официјално распродаден!

Поради големиот интерес кој се’ уште трае, закажан е и втор концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 18ти февруари.

Концертите се по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.

Во Македонската Филхармонија, македонската публика ќе има можност во блиска средба со македонската поп легенда да ужива во многуте безвременски хитови, изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.

Важно: Иако интересот за проектот 40 години : Дарио и Миг 21 станува се’ поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе биде воедно и последен.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (8ми февруари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и ВИП – 1.500 денари. Бидете брзи! Ваша, Авалон Продукција