Игор од паланечко: Децата ми се сами од 3 часот наутро во распаднато куќарче, за јас да им обезбедам храна

Игор Младеновски е 42 годишен човек роден и израснат во паланечкото село Мартинце. Живеел сиромашен селски живот и како дете, а кога пред 15 години одлучил да се ожени со девојка од истото село не ни помислувал дека еден ден животот со семејството во амбарот ќе му го поремети веста дека сопругата ги оставила малите дечиња сами сред ноќ и дека никогаш повеќе нема ад ги побара. Оттогаш животот на Игор, а посебно на Марија, Лука и Драган повеќе не е ист. Игор работи од утро до мрак за да донесе леб за децата.

А, Марија иако многу млада и сеуште с детски соништа ја игра улогата и на мајка и на сестра. Зашто на неа останува обврската да ги облече, избања, нахрани и учи со своите братчиња. Секоја исекотина и лузна од прстите на Игор ја раскажуваат приказната за неговиот тежок работнички живот по шумите и рудникот Тораница каде заработува за децата. Сам носел камења и направил две соби за нив за да ги пренесе од амбарт во нормален дом. Но, неговата сила не е доволна.

Најтешко за сите, посебно за децата е што за да стигнат до градот мораат да пешачат еден час низ страшна шума со диви животни која едвај се поминува и со автомобил. Децата за жал на училиште одат и мокри, често гладни. Соучениците мислат дека се скржави, а не дека татко им нема услови да им купи ниту молив, ниту гума. Дома сите спијат на еден кревет во претесната соба. Никој од другарчињата не сака да ги посети зашто се сиромашни. Па, овие мали души едногласно ќе речат „Најсреќни ќе бидеме да се преселиме поблиску до градот и да имаме свои соби каде нема да се срамиме од другарчињата.

Игор е роден и пораснат во селото Мартинце, Крива Паланка во сиромашни селски услови. Од родната куќа се жени и со сопругата се сели во амбарот кој станува нивни дом и гнездо во кое ќе се родат нивните три рожби. Имал план да направи поубава куќа собирајќи камења од реката и камен по камен изѕидал скромн дом за децата, кои една ноќ додека спиеле биле напуштени од мајката. Од тој ден веќе не е ништо исто во неговиот и животот на децата. Сам работи од утро до мрак за да ги прехрани додека децата седат сами и стануваат рано за да испешачат еден час до градот за да стигнат на училиште.

-Во ова село се родив и тука сиот жиот живеам сиромашно. Ако сум немал и како дете, сепак многу беше полесно отколку сега. Немаше толку разлика меѓу нас. Бев заедно тринаесет години со мајката на моите деца, и живеевме во некогашниот амбар на моите родители. Не беше убаво, ама создадовме семејство и не очекував дека сам ќе ги одгледувам тие деца. За жал, еден ден одека јас бев на работа, ми се јави жена ми и ми рече дека си заминува и да си ги чувам децата.

Оттогаш ниту се појави, ниту ги побара. Сам носев камења од кај реката и со десет прсти изградив куќа за моите деца. Не е совршена ама имаат покрив над глава. Сепак, селово е оддалечено од градот еден час одење пешки, и моите деца секој ден на училиште одат пешки со страв да не им излезе диво животно. Најтешко им е во зима зашто се мократ од дожд и снег и така мокри седат по цел ден на училиште-вели Игор.

-Многу тешко живееме. Јас се грижам за моите братчиња. Ги бањам, им подготвувам храна, учам со нив. Се што требаше да прави мојата мајка. Ама, таа не остави и сега повеќе сме сами од рано наутро, зашто тато за да ни купи храна излегува од 4 наутро и се враќа доцна ноќе. Морам да се грижам за нив и да им бидам како мајка зашто во спротивно социјалното рече дека ќе ни ги земе во дом- вели Марија, ќерката на Игор.

Животот на Игор и неговите деца е многу тежок. На врвот на планинското село нивната скромна куќа ја крие нивната тага, но и желба тие да се симнат долу во градот и да им биде полесно. А, можеби најтешко од сите и е на малата Марија, која мора да стане прва да се подготви самата , а потоа и братчињата за на училиште. Да им подготви храна, да запали шпорет за да не настинат и да учи со нив за да не заостануваат на училиште. Семејството ќе рече и дека има денови кога живеат без храна, ако татко им не заработи и донесе. Сите им се исмеваат зашто се сиромашни и зашто живеат отсечени од градот. А, се што сакаат една соба и бања токму таму за да не се плашат повеќе низ страшната шума додека минуваат сами и бегаат од дивите животни.

-Жал ми е за децата. Не можат да имаат нормално детство. Тие се единствени деца во селово. За да излезат во град треба пеш да одат до градот еден час. Се срамат и од куќата дека не е убава, па им е срам да викнат другарчиња. А, ми учат и ќе бидат добри само да успеам с хуманиот народ да ги симнам долу во градот за да може да им биде полесно. Тука во селово немаме превоз. Навистина во денешно време е многу тешко. Некогаш од рано наутро до касно навечер работам, и тие седат сами. Кога ќе дојдам дома некогаш и полноќ ме фаќа, а јас им готвам за наредниот ден да имаат ручек. Се случувало да не успеам да направам, да немам ни пари да им оставам и по цел ден седат гладни- додава Игор.

-Не знам зашто токму ние мораше тука да се рдиме и да се мачиме. Другарчињата ми се смеат. Некогаш во школо ми бараат молив или гума, јас викам дека немам, а тие мислат дека сум скржава. Не разбираат дека немам и дека тато нема пари за да ми купи. По еден час во еден правец одиме низ шума. Порано се плашевме од животни да не не нападнат. Сега веќе научивме како е кога доаѓа птица, како е кога доаѓа прасе и ќе побрзаме за да не не нападнат. Колку само би ни се сменил животот да ни се овозможи долу во градот макар една соба и купатило да имаме-вели Марија за Срце на Дланка.

Треба да бидеме фер кон себеси и да не молчиме на она кое не ни одговара.Не треба да го толерираме она кое ни создава немир и чувство на помала вредност. Посебно ако знаеме дека заслужуваме повеќе. Затоа дружете се луѓето кои ви даваат крилја за да полетате и дозволете им преку нивниот убав збор, насмевка и подадена рака да ве извлечар од калта во која се наоѓате. Зашто и во најтешкиот дел од животот сите ние имаме некој нагел чувар кој бдее над нас и чека да побараме помош.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Игор тоа можете да го направите на телефонскиот број 075228901 или на нивната жито сметка 320500010128624