Игор Џамбазов: Последните 10 саати беше издрогирана, имаше тумор, јас сам плачев пред телевизорот

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Џамбазов е доста активен на социјалните мрежи каде што со неговите секојдневни објави привлекува големо внимание.

Негова најверна пријателка со години беше мачката Еме која за жал минатата година почина.

– Нема веќе зближување со милениче, нема веќе такво..мислам дека таков стрес не би можел уште еднаш да издржам. Ноќта пред да се случи тоа не спиев 72 саати, не дозволив да се мачи. Последните 10 саати беше издрогирана. Се погоди во 10 навечер да се разболе, а ветеринарот во девет утрото отвара, само му го дадов тоа апчето – не мрдна до 9 саат.

Ја ставив во кебенце. Таа имаше тумор, ја оперираа, но се врати. Јас сум самец, сам плачев пред телевизор. Јас со неа и спиев, ми беше и љубовница и кралица и се. Проживеавме убави незаборавни 13 години, вели Игор во подкаст за Урбан фм.