Игор Џамбазов се огласи утрово: Измрзнааме, ама издржааме

Познатиот шоумен Игор Џамбазов викендов публиката одново можеше да го види на сцена. Како што е познато тој беше водител на струмичкиот карневал.

Утрово Џамбазов се огласи преку своите профили на социјалните мрежи каде што го сподели импресии:

Ај на нога струмичане,госте ни се соберале. Ејгиди бре мале, мале, идат ного карневале”.

Струмички карневал, струмичко чудо.Спектакл за сите сетила и генерации.

Браво струмичани, за вашата креативност и посветеност кон зачувување на оваа скоро четиристотини години стара традиција. Измрзнааме…ама издржааме.