Изгоре куќата и се што имаше на Зоран од Кратово: Овој татко на дете со посебни потреби замолува за помош

Вчера во Кратово избувна страотен пожар кој ја зафати кровната конструкција и катот од куќата на две семејства.

Целосно се опожарени личните работи на членовите од семејствата, со што е предизвикана огромна штета. Тие го изгубија сето она што со години го граделе, а покрај изгубениот дом нарушена им е и нивната животна егзистенција како семејство.

Неопходни им се парични и други материјални средства како помош за обнова на нивните уништени домови. Се повикуваат сите физички и правни лица кои се во можнот да се вклучат со давање помош, со цел да се овозможи на погодените семејства да имаат достојни услови за живот.

Трансакциска сметка за донирање на средства: 320500028907242 Централна кооперативна банка АД Скопје

Телефонски број за контакт со Валентина Лазаревска за друг вид на помош: 071 708 517

Трансакциска сметка за донирање на средства: 3000007082346687 Комерцијална банка

Телефонски број за контакт со Зоран Стојановски за друг вид на помош: 070 302 533

Инаку како што се наведува во апелите Зоран е родител на дете со посебни потреби