Израел се чини ги надмина сите можни граници: Вечерва незапаметен масакар

Баптистичката болница Ал-Ахли Араби во градот Газа сè уште гори по пријавен израелски воздушен напад, објави Ал Џезира.

Министерството за здравство на Палестина досега официјално потврди дека има загинато 500 цивили. Но ова не се конечни бројки, како што пренесуваат медиумите, бројките се искачија на 800 починати, а се стравува дека ќе раснат со оглед на тоа што има многу повредени.

„Ситуацијата овде е навистина катастрофална. Под урнатините на уништените згради се уште има луѓе. Медицинските тимови се обидуваат да ги евакуираат жртвите, но има се повеќе жртви во различни области во Појасот Газа. Стотици и илјадници“, објавија новинар на Ал Џезира.

„Овој страшен колеж е злосторство за геноцид. Најголем дел од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка за оваа криминална окупација.

Меѓународната заедница и арапските и исламските земји мора да ги преземат своите одговорности и веднаш да интервенираат, сега, не утре, за да ја запрат ароганцијата на окупацијата и нејзината фашистичка армија и да ја повикаат на одговорност за геноцидот што го изврши единаесетти ден по ред“, објавија од Хамас.

Се чини дека Израел со ова ги надмина сите можни граници, ова е незапаметен масакар во поновата светска историја.