Иле и неговата мајка апелираат за помош – еден дониран кабел ќе им го промени животот

На фејсбук страницата на делчево365 е објавена нова сторија со цел помош на мајка и син:

ДА ПОМОГНЕМЕ:Вака стојат работите. Иле и неговата немоќна мајка од с.Пасјак кои немаат струја добија потврда дека можат да се приклучат на електричната мрежа.

За таа цел Иле платил приклучок од околу 200 евра, а сега останува да се набави кабел за струја во должина од околу 500 метри кој Иле не е во можност сам да го плати, бидејќи живеат само со пензијата на неговата мајка која е во кревет и мора да биде во нејзина близина.

Кабелот ќе се копа под земјата, за што Иле обезбедил трактор кој ќе ја изора потребната траса каде ќе поминува кабелот.

Апелираме да се помогне на ова семејство кое досега имаше светлина во домот од апаратче, но не се можност да користат перална за алишта и други апарати, а Иле има потреба од нив заради неговата мајка, заради што струјата во нивниот дом е повеќе од потребна.

СПОДЕЛЕТЕ за да стигне апелот до луѓе кои можат да помогнат да се обезбедат тие 500 метри кабел за што ова семејство вечно ќе ви биде благодарно. Контакт телефон на Иле: 078/264-590