Има златни раце и треба да е пример за младите – Никола е најмладиот автомеханичар и има важен совет за возачите

Најмладиот автомеханичар, попознат на социјалните мрежи како Mali Serviser, Никола Јовановиќ во гостувањето на една телевизија проговори за својот занает со кој се занимава веќе три години.

„Имам 15 години, доаѓам од Обреновац, а љубовта кон автомобилите ми започна уште од мали нозе. Кога сакаш нешто, тогаш се е лесно! Со татко ми отидов кај автомеханичар, и секогаш гледав што правеа, одам со бела блуза, се враќам со црна“, рекол малиот мајстор и додал:

„Од петгодишна возраст почнав да гледам како ги поправаат автомобилите, а од 12 години се занимавам професионално, па веќе 3 години поправам автомобили секој ден“, вели тој. Јовановиќ истакнува дека неговите клиенти имаат доверба во него.

„Имам редовни клиенти кои само ми ги оставаат автомобилот и клучевите и ми велат: Стави го на дигалка и направи се што треба! Тие само ми веруваат. Ќе полагам возачки испит за две години, кога ќе наполнам 17 години и дотогаш само поправам автомобили“, посочува Јовановиќ и додаде:

„Малку се жени кои менуваат гума, но мислам дека секој возач треба да знае да го прави тоа. Не е важно дали е машко или женско, кога ти си возач, мора да знаеш некои основни работи“.

“На 10.000 километри строго е потребно да се направи мал сервис! Не е проблем да се замени се на 15.000, но мој совет е да се смени се на 10.000 бидејќи тогаш нема да има проблеми кога се ќе се смени. При возење тиња се таложи на дното на резервоарот и ако цело време возите на резерва, тогаш моторот ја влече таа тиња што предизвикува многу проблеми“, рече тој.