Ковачевски по три дена го прекина молкот – конечно се огласи за разрешувањето на Д-р Јовев

И трет ден по ред топ тема во Македонија е разрешувањето од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити за директорот на државна кардиохирургија.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека не постои политички притисок ниту политичко мешање во случувањата со разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Сашко Јовев, од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Министерот го разреши кардиохирургот, кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава и уште седум други, како што кажа, поради нерегуларности во работата и дека одлуката нема политичка заднина.

-Министерот за здравство е тој кој управува со сите организации во рамки на Министерството, има над 130 директори. Не верувам дека постои држава која има повеќе директори, заменици и директори на управни одбори.

Тоа се колеги кои се познаваат долги години, чии одлуки треба да се носат на мерит систем, врз основа на извештаи кои се добиени од релевантни органи во рамки на Министерството. Јас бев поканет на еден настан, инаку јас бев еден од оние кои директно учествуваа во обезбедувањето на финаински средства за таа хибридна сала.

Јас не го правев протоколот, тоа го прават службите“, одговори премиерот на новинарски прашања денеска во Клубот на пратеници после лидерската средба.