Кристина Димитри откри дали има нешто меѓу неа и српскиот пејач: Интимните моменти се случија баш во Дион

Кога станува збор за младите македонски ѕвезди со сигурност мора да ја издвоиме Кристина Димитријевска која од модел за многу кратко време стигна на врвот на својата музичка кариера.

Работејќи напорно и покрај обврските како мајка, Кристина објави свои песни, има настапи секој викенд низ земјава и навистина заслужува секаква пофалба.

Пред еден месец извади нова песна во дует со српскиот пејач Гастоз со име „Македонки“ за која доби многу позитивни коментари и надвор од Македонија.

Кристина беше повикана во емисијата АмиГ шоу каде подетално зборуваше за својот подем во кариерата, како и за тоа дека во Македонија го достигнала својот максимум со настапи, па сега се шири и во Србија.

Во видео спотот за новата песна се појавуваат и интимни сцени со пејачот Гастоз па Кристина одговори дали тие се реални и дали има нешто помеѓу нив.

– Искрено, интимните моменти се случија баш во Дион, во Аеродром, така што..Не нема ништо, ние сме пријатели веќе 4 години и можам да кажам пријателството е искрено, нема ништо подлабоко од тоа.

Во август ќе извади нова песна работена со Дарко Димитровски, песна која како што вели ја чека цело време.