Кристијан: Фала ти Германија на се, нека одат сите да пробаат, јас веќе не одам таму

-Нема каде не сум бил Нимберг, Аусбург па до Падебург. Во Босна прво работев како келнер и се заљубив па заминавме во Германија. Но, не е тоа тоа веќе во Германија.

Работев во брза пошта. Добив автомобил, комби, не плаќав осигуравање, ни бензин, се возев каде сакав, ама не ми е жал што се вратив душата ми е на место сега.

Деп ресија огромна има горе, не не сакаат нас таму. Не го почитуваат добриот работник, јас се трудев многу давав се од себе работев по правилата но не го рангираат тоа.

Првата плата што ја добив беше 1.500 евра а последната 2.300 после 4 години. Напредуваат со плата ама подобро ми беше со 1.500 сега се е поскапено џабе што платата е подобра.

Горе храната е права пластика нема вкус. Имам и брат кој е оженет и нему му одговара таму да живее. Јас би му посакал на секој да оди и да види малку да се воздигне културолошки.

Тешко е овде да се осамостоиш. Мислам дека натаму ќе се образувам завршив економско средно, па мислам сега да се префрлам на компјутери, во тоа е иднината. Имам многу пријатели кои одржуваат сервери, имаат германска плата а живеат овде.

Мој совет е кој оди таму да не оди без 5.000 евра и да му е се организирано. Мене овде не ми фалеше ништо, отидов само за да ја спасам љубовта и се вратив позрел, вели Кристијан во јутјуб емисијата Долина Лашве.