Кучиња скитници гo сардисаа Скопје: Еден куп пријави во МВР само во еден ден

Министерството за внатрешни работи (МВР) во својот дневен билтен информира за низа напади на кучиња скитници:

На 12.10.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Центар, Ј.Д.(21) од Велес пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.

На 12.10.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Драчево, В.М.(75) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ била касната од куче скитник.

На 12.10.2023 во 21.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.О.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Вашингтонска“ бил каснат од куче скитник.

На 12.10.2023 во 10.15 часот во ОВР Кичево, И.А.(35) од кичевското село Србјани пријавил дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.

На 12.10.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром Г.А.(26) од Битола пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ била касната од куче скитник.