Лазар Бараков: Напатениот и исплашен народ си го колне мајчиното млеко што се родил тука

Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.

Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.

Често се огласува на социјалните мрежи, а така беше и овојпат кога сподели веќе познат статус кој беше масовно ширен низ медиумите во врска со причините за иселувањето на луѓето од Македонија. Па така, тој прокоментира:

…и тоа колега, ама нај трагичното е што нема правда , тоа значи дека НЕ постои држава !!!Факт: …деведесет посто судии , обвинители, извршители , нотари се чипирани со организиран криминал ; во спрег и сојуз се со улични криминалци, измамници и делаат плен, …правааат милиони,

…се’ е сведено на рекет , Врхушката прст не мрднува за таквата гнасотија ., а тоа трае со децении ,… напатениот и исплашен народ си го колне мајчиното млеко што се родил тука , на овие простори , во оваа шака простотија и јад !!!!!