Ленче и Даворин се единствени во Македонија со овој бизнис: Луѓе не прашуваат дали е варен компир или палачинка

Даворин и Ленче од Скопје се брачен пар којшто се занимава со производство и продажба на слатко задоволство во чаршија за кое се единствени во Македонија.

Имено, прават трансилвансиско трдло кое потекнува од Романија, поточно Трансилванија. Се прави многу едноставно, се замесува тесто, стасува се намотува на специјални тркала и во специјална печка се печат.

Но, се многу вкусни ванилата и циметот доминираат. Во оригиналот е класикот со цимет, но има модификации со додавање нутела, киндер буено, свежо овошје, кој како сака.

Даворин и Ленче измислиле и солено трдло направено од солено тесто на истиот начин, но се додава пилешко месо, кисела павлака, краставички,марула.

Единствени сме во Македонија, од почетокот па се до ден денес сме единствени, нема никој друг, вели Ленче.

Трдлото е популарно во Прага, Букурешт, Будимпешта, а се шири и во Азија и Америка, но кај нас народот се уште го гледа со знак прашалник.

– Најинтересни ми се коментарите, дали е ова варен компир? Дали е ова палачинка, дали е кроасан, не ова е грклан но не е прелиен со шербет. Најслабиот ден ми бил 50 парчиња во денот, додава Ленче.

– Јас сум дипломиран машински инжењер и магистер, но љубовта ми била и кон машинстовото – ова ми беше хоби, но сега предност е на хобито и од него живееме, не од машинството.

Планираме од октомври да отвориме академија каде што ќе вршиме обука и ќе успееме да го промовираме во другите градови, вели Даворин.

Пред извесно време Ленче и Даворин отишле на работа во фарма за производство на домати во Англија, заработиле пари и се вратиле да го рашират бизнисот со трдлото.