Лепа Брене доаѓа во Скопје, но не за да пее – ќе го шири својот бизнис и во Македонија

Една од најпопуларните балкански музички пејачки, Лепа Брена утре ќе биде во Скопје, но не поради некој свој музички ангажман, туку поради нејзиниот бизнис.

Станува збор за промоција на својот бренд на хулахопки – Lady B, а истата ќе се одржи во парфимеријата Космо во Зебра со почеток од 15 часот.

Од таму ја објавија веста за присуството на пејачката, која лани за првпат ги претстави своите женски чорапи, за кои истакна дека го кријат целулитот и проширените вени, а биле иделани и за повозрасни жени.

-Составени се од хијалуронска киселина и златни наночестички. Ова се чорапи со кои без проблем може да се носат мини здолништа. Не се гледа целулит, лузни, проширени вени, може да се стои долго време и нема да ве болат нозете.

Јас 40 години пеам и играм на високи штикли и тоа е доста напорно. Веќе една година ги носам специјалните чорапи, и во нив се чувствувам слободно и комотно- изјави Брена лани, за време на промоцијата во Белград.

Кажа дека сака производот да го купуваат сите, па затоа се продавал по цени од 20 до 30 евра, за да и биде достапен на секоја жена која има проблем поради долго стоење.